Во Австрија спасени 150 скијачи од расипана жичарница

Во Австрија спасени 150 скијачи од расипана жичарница


Во понеделникот, со помош на неколку спасувачки тимови и три хеликоптери, спасени биле 150 скијачи на планината Крешберг во Австрија, пишува "Washington Post".

Акцијата за спасување на жичарницата, која застанала полна со скијачи, траела со часови. Локалната полиција соопштила дека до инцидент дошло на Росенранц, северно од Клагенфурт.

Жичарницата застанала поради технички проблеми 

Жичарницата застанала со работа во раните попладневни часови поради технички проблеми, а во акцијата за спасување учествувале три хеликоптери и неколку спасувачки тимови, јавува "APA".

Локалните медиуми јавиле дека поправката на делот од жичарницата кој го предизвикал проблемот би траела предолго, па била донесена одлука за евакуација на скијачите кои заглавиле на жичарницата. 

Скијачите преку разглас на неколку јазици биле известени за акцијата за спасување, а потоа по нив од доле се качувале спасувачите. Ги врзале и ги спуштиле на земја. Оние до кои спасувачите не можеле да дојдат од земја, ги спасувале тимовите во хеликоптерите. 

Се се случувало на висина од 7 до 10 метри над земја, временските услови биле наклонети на акцијата за спасување - немало силен ветер и немало повредени.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно