ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ цел ден се препукуваат, фрчат соопштенија од сите страни

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ цел ден се препукуваат, фрчат соопштенија од сите страни


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на целиот ден се препукуваат преку соопштенија.

Вмровците тврдат дека власта се фали со нивните проекти, додека пак сдсмовците тврдат дека за време на нивното владеење бил хорор во државата. „Се што видоа граѓаните од владата на СДСМ во изминатите 10 месеци се само деструктивни политики, стопирање и блокирање. СДСМ за 10 месеци не успеа да реализира ниту еден инфраструктурен проект, но затоа умеат да се фалат со туѓи проекти.

Денес по којзнае кој пат СДСМ повторно се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ. Новата судска зграда на Кривичниот суд во Скопје која СДСМ денес ја пушти во употреба е проект започнат и реализиран од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

СДСМ не беа способни цели 10 месеци да го пуштат во употреба овој објект на кој единствено му фалеше набавка на додатна техничка опрема – се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно