Вклучен портокалов метеоаларм во БиХ – силното невреме предизвика несреќа на патиштата

Вклучен портокалов метеоаларм во БиХ – силното невреме предизвика несреќа на патиштата


Портокалов метеоаларм е вклучен деновиве во делови на Босна и Херцеговина, а во останатите делови на сила е жолтиот метеоаларм, поради опасните временски неприлики.

Силни ветрови во просек од 60 и 80 километри на час беснеатна југот од земјата, додека на југоистокот нивната брзина достигнува и до 90 километри на час. Автобус со херцеговински регистерски таблички излетал од патот, поради снегот и тешката проодност на патиштата. 

За среќа никој од патниците не е повреден, пренесува босанкиот портал Антена. Предупредување за невреме е издадено во оваа земја и за наредните неколку денови.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно