Виетнам покажа како го исчистиле корумпираниот систем: Банкар поради корупција осуден на СМРТ!

Виетнам покажа како го исчистиле корумпираниот систем: Банкар поради корупција осуден на СМРТ!


Додека банкарите крадат од нас билиони долари ширум светот и не се соочуваат со последиците, Виетнам покажа дека има строга казна за корупцијата-смрт.

Недостатокот на прогон во американските и европските банки одговорни за големите финансиски кризи беше многу распространета тема минатите години. Но, што може да се направи? За Виетнамците казна за проневерата на банкарите е најсурова и се движи од стрелање до бесење или убивање со отровна инјекција.

 Според Би-Би-Си, поранешниот шеф на главната виетнамска банка е осуден на смрт поради неговата улога во случајот со злоупотреба на 800 милијарди донга (звучи премногу, но се работи за 35 милиони долари) илегални кредити. 

Во меѓувреме, десетина претходно вработени исто така добиле долгогодишни затворски казни во големата афера со корупциското судење. Бидејќи банката “ОceanBank” е делумно во државна сопственост, делото се квалификува како уште поозбилно. Вкупно, им се судело на 51 банкар, кои се оптужени за лошо водење на банките, што довело до губење од 69 милиони долари. Случајот дошол во моментот на масовна антикорупциска афера која го зафати Виетнам, кој и понатаму е рангиран како една од најкорумпираните земји во Азија. Виетнам се наоѓа на 113 место од 176 држави според индексот на корупција на “Транспаренси Интернешнал”.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно