ВИДЕО ВО ЖИВО ОД АТИНА: Најмасовен протест досега во Атина, не ја даваме Македонија е наша!

ВИДЕО ВО ЖИВО ОД АТИНА: Најмасовен протест досега во Атина, не ја даваме Македонија е наша!


Под силни безбедносни мерки, со затворени улици и метро станици денес на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, започна долго најавуваниот протест.

Сите погледи во Грција се вперени кон центарот на Атина. Грчките демонстранти порачаа дека масовно „ќе го бранат името Македонија“. Од сите краишта на земјата, организирани со автобуси, бесплатно или по цени со 50 отсто попуст, ќе пристигнат во „еднодневна екскурзија“ во грчката престолнина. 

Од она што досега можеше да се види на протестот тие во неколку наврати скандираа „Македонија“.

Во пресрет на протестите, пак, главниот говорник на денешниот настан, композиторот Микис Теодоракис, добил смртни закани. Вандали со црвена боја ја испрскале вратата од неговата куќа и со спреј напишане: „Твојата приказна започна на планина, а ќе заврши на плоштадот Синтагма“.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно