(ВИДЕО) СТРАШНО СВЕДОШТВО НА ОЧЕВИДЕЦ: Слушнав силен звук, како гром, а потоа ги видов пилотите како паѓаат

(ВИДЕО) СТРАШНО СВЕДОШТВО НА ОЧЕВИДЕЦ: Слушнав силен звук, како гром, а потоа ги видов пилотите како паѓаат




Слушнав силен звук, како да удри гром, погледнав во небото и видов два падобрани како паѓаат, вели Владимир Кухарик, сведок на трагедијата во Србија во која при рушењето на воениот авион, еден од пилотите го загуби животот, а другиот е во тешка состојба. 

– Бев на пазар, разговарав со пријателите кога ги видеовме падобраните на небо. Помисливме дека станува збор за некаква вежба, а половина час покасно слушнавме дека паднал авион, вели тој. Луѓето кои работеле на нивата веднаш повикале помош. 

– Потоа и ние појдовме на местото на несреќата. Таму имаше авион, но не се гледаше, бидејќи се закопал во земја. Видовме кацига и делови од падобранот. Јас не го видов авионот, но зборував со пријател и тој ми рече дека авионот летал многу ниско, вели Кухарик.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно