(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО ЛОНДОН: Ранети луѓе во повеќе напади со нож

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО ЛОНДОН: Ранети луѓе во повеќе напади со нож


Шест лица се повредени во пет одвоени напади со нож во четвртокот навечер во Лондон, пренесуваат британските медиуми.

Момче старо 13 години е една од жртвите, тој доби сериозни повреди во источниот дел на британската престолнина. Поради тој напад се уапсени три помлади лица, наведе полицијата. Претходно е уапсен маж под сомневање дека се обидел да убие три момчиња во истиот крај на Лондон. Двајцата 15-годишници се во сериозна, но стабилна состојба. Уапсен е и 16-годишник, кој самиот се повредил, а неколку часа подоцна во болница во западниот дел на Лондон е примен тинејџер со повреди нанесени со нож. Првиот инцидент таа вечер се случи околу 17.30 часот кога е избоден 15-годишник. 

За среќа, повредите не се од тешка природа. Петтиот напад е регистриран во јужниот дел на градот, кога маж од 40-тина години е повреден со нож. Инцидентите се случија на денот кога демонстранти и лидери на заедницата се собраа во источен Лондон за да го изразат незадоволството поради зголемувањето на насилството во престолнината, во која веќе страдаа неколку тинејџери.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно