(ВИДЕО) Хеликоптер се сруши врз куќа и уби луѓе

(ВИДЕО) Хеликоптер се сруши врз куќа и уби луѓе


Три лица загинаа, а две се повредени вчера откако хеликоптер се урна врз куќа во јужна Калифорнија.

Хеликоптерот летал само 1,6 километри по полетувањето од аеродромот „Џон Вејн“, а потоа се урнал. Полицијата во Њупорт бич објави дека во малиот хеликоптер „робинсон 44“ во моментот на несреќата имало 4 лица. Кенди Региц, соседка, мислела дека нешто ќе падне врз нејзината куќа. 

„Помислив дека нешто набрзо ќе падне врз мојот покрив, го грабнав кучето, истрчав надвор и тогаш сфатив дека не е мојата куќа, но се гледаше чад и урнатини наоколу, позади мојата куќа“ - вели таа. Сведок за локалната телевизија КЦАЛ вели дека излегол од куќа кога слушнал силна врева и видел облак прашина. Тогаш видел човек како виси од леталото. 

„Сакавме да го извлечеме, но не го чепкавме за да не ризикуваме да повредиме некого“- изјави сведокот. Почната е истрага за несреќата во која учествува и американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство. Снимките објавени на интернет го прикажуваат местото на несреќата и спасувачките екипи на терен.



Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно