Венеција се гуши во фекалии

Венеција се гуши во фекалии


Каналите во италијанскиот град, Венеција пресушиле по неколку седмици без дожд, а фотографиите и видеата ги прикажуваат гондолите насукани на пресуштените корита во близина на познатиот мост Риалто.

Освен недостатокот на дождови во овој дел од Италија, сушата е последица и на ниската плима. Нивото на водата, како што соопштија италијанските власти, изнесува 60 сантиметри под најниската дозволена вредност.

Трета година овој чуден феномен го погодува едно од најпопуларните туристички места во земјата и светот. Водниот такси сообраќај е целосно сопрен.

Но, Венеција последните неколку години се соочува и со поплави. Кога во 2015-та година каналите пресушија, локалните експерти порачаа дека за тоа не се виновни само временските прилики, туку и лошото одржување.

Жителите повеќе се загрижени поради поплавите, па поради тоа италијанските власти вложија над 5 милијарди евра за градење на бариери. 

Според, истражувањата градот секоја година тоне од 1 до 2 милиметри, а сето тоа досега создаде многу проблеми.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно