Велигденска детоксикација

Велигденска детоксикација


Празниците се секогаш причина за слави и трпези богати со секаква храна, а ден подоцна чувствуваме мачнина и тежина во стомакот.

Затоа потребна е детоксикација со која на едноставен начин ќе се вратите во форма и во секојдневната прехранбена рутина. Седум дена без храна од пекари и шеќери

Бело брашно и шеќери избегнувајте една недела. По препорака на експерти намалете и со внесување на млеко, млечни производи, кафе и алкохол.

Вода

Водата е вашиот најдобар пријател во процесот на детоксикација. Пијте минимално осум чашки вода дневно и избегнувајте други пијалаци.

Овошје и зеленчук во големи дози

Во периодот на детоксикација задолжително зголемето го внесувањето на овошје и зеленчук за да ја добиете потребната доза на витамини и минерали, кои после нездравата храна му се неопходни на вашиот организам.

Супа како главен оброк

Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за топла или ладна супа, важно е главни состојки да бидат одредени видови на зеленчук, колку по разновидни толку подобро, и во што поголеми количини со додаток од маслиново масло.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно