Велигден во Ватикан

Велигден во Ватикан


На плоштадот Свети Петар во Ватикан десетина илјади верници се собраа за да присуствуваат на мисата која на Велигден ја предводи папата Франциско.

„Нашата вера е родена на велигденското утро: Исус е жив! Искуството е во срцето на христијанската порака“ парача папата на Твитер.

Тој го одржа традиционалниот говор „Градот и светот“ од балконот на Базиликата на Свети Петар. При влегувањето на плоштадот, верниците мораа да пројдат преку темелни безбедносни проверки.

Поставени се детектори за метал и се проверува секој кој сака да влезе на плоштадот, а околните улици се затворени за сообраќај.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно