Велешанец сакал да тепа лекари, сестри...

Велешанец сакал да тепа лекари, сестри...


Дваесет и двегодишен велешанец бил приведен откако во ходникот на Хируршкото одделение во Велешката општа болница почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив.

Како што соопштуваат од МВР, на местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници. Од полицијата информираат дека работат на расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно