Ванковска до Заев: НАТО да ни бира име? Ова го нема никаде, Брука!

Ванковска до Заев: НАТО да ни бира име? Ова го нема никаде, Брука!


ниверзитетската професорка Билјана Ванковска со жестока реакција на изјава на премиерот Зоран Заев за време на денешната посета во Турција, каде што се сретна со целиот државен врв.

„Добро, овој е до толку природно глуп (natural) – или е само до толку бедно сервилен? Воена алијанса да ни бира име, а нам таман ќе ни биде! Не, не! Ова го нема нигде на светот! БРУКА! Отвори се земјо Македонијо …“, напиша таа на својот профил на „Фејсбук“.

Повод за реакцијата на Ванковска е  цитатот објавен од телевизијата Ал Џезир, изваден и во насловот од нејзиниот извештај од посетата на Заев на Анкара.

„За тоа разговаравме и со премиерот (Бинали). Република Турција поддржува и се залага за решение што ќе биде соодветно за двете страни. Решението погодно за НАТО и за ЕУ ќе биде погодно и за нас“, е изјавата што ја цитира Ал Џазира.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно