Ван Нистелрој од Јунајтед замина поради Роналдо

Ван Нистелрој од Јунајтед замина поради Роналдо


Родениот голгетер Ван Нистелрој си заминал од „Олд Трафорд“ поради португалската ѕвезда, односно поради неговиот начин на игра кој направил да имаат проблеми и несогласувања.

Вејн Руни во своето ексклузивно обраќање кое го имаше за „Скај Спортс“ го посочи Карлос Тевез како најдобар партнер во нападот кој го имал во својата незаборавна етапа во Манчестер Јунајтед, а ако во прв план се најде тоа што на својата листа остави во сенка играчи како Кристијано Роналдо и Руд Ван Нистелрој, сепак не заборави да открие една непозната анегдота за нив двајца.

Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ откри дека родениот голгетер Ван Нистелрој си заминал од „Олд Трафорд“ поради португалската ѕвезда, односно поради неговиот начин на игра кој направил да имаат проблеми и несогласувања.

– Ван Нистелрот беше навикнат Бекам или Гигс да пристигнат до работ на шеснаесетникот и да му центрираат топки за кои тој имаше најдобро решение. Потоа пристигна Кристијано Роналдо и тоа се заврши. Ван Нистелрој беше фрустриран, Роналдо си ги правеше своите дриблинзи. Подоцна, сите сфативме дека Руд има проблем со Кристијано. Еден од нив мораше да си замине и мислам дека Алекс Фергусон ја донесе правилната одлука, – потенцира Руни.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно