Паразитската болест која го јаде човековото месо зафатила илјадници луѓе кои живеат на територијата под контрола на ИСИС.
Експертите се плашат од епидемијата во Сирија и Ирак, бидејќи проблемот го прави поголем тоа што припадниците на ИСИС ги оставаат телата на загинатите да гнијат на улиците. Случаи од оваа малку позната болест се забележани и во Велика Британија кај луѓе кои патувале во земјите кои се изложени на ризик. Иранскиот доктор и хирург Насер Дегани, рекол дека лишманоиозата или "болеста на џихадистите" е драстично полоша во регионите погодени од војна.
Болеста најчесто се шири при полазување на одредени видови на муви. Смртоносната болест може да ја пренесат и кучиња и глодари. Не постои вакцина против оваа болест и експертите предупредуваат дека се јавува кај туристи и војници кои патуваат во ризични области.
Болеста е многу опасна и за лицата кои се заразени со ХИВ вирусот, а во пораст е бројот на вакви случаи во Јужна Европа, вклучувајќи ги Шпанија, Италија и Франција. Ја има и во централна Америка, Африка и на Блискиот исток. Смртоносна е доколку не се лечи, а го погодува телото од внатре, се шири во слезината, во коскената срж и црниот дроб и го напаѓа и уништува имунолошкиот систем.
Помалку опасната форма на болеста создава болни рани на кожата, кои имаат големина од 2 до 3 сантиметри, и кои кај пациентите оставаат трајни рани. Симптомите се осип по стомакот, температура, промена на бојата на кожата, паѓање на коса и губење на тежина.
Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк