Утре започнуваат 23-те зимски олимписки игри во Јужна Кореја – Големи проблеми за домаќинот! (видео+фото)

Утре започнуваат 23-те зимски олимписки игри во Јужна Кореја – Големи проблеми за домаќинот! (видео+фото)


Се е подготвено за официјалното отворање на Зимските олимписки игри, расположението на домаќините е на високо ниво, но оваа година Олимпијадата ќе биде најстудена во последните неколку децении.

Властите во Јужна Кореја издадоа предупредување за опасно ниските температури низ целата земја. Се очекува дека температурата ќе паднат на -9 степени за време на церемонијата на отворање на игрите. 

Ладното време направи олимпијците да преземат дополнителни мерки. Учесниците во американската делегација се опремени со специјална облека, која затоплива со помош на батерии. 

Домаќините ќе им дадат топли капи и ќебиња за гледачите на церемонијата на отворањето. Ќе настапат вкупно 92 земји меѓу кои и Македонија. Истите ќе се натпреваруваат во 7 спорта во 15 дисциплини. 

На борилиштата ќе настапат околу 3000 спортисти, а најуспешна нација во историјата е Норвешка која има освоено 329 медали од кои 118 златни. 


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно