Уредите пречат за да имате сон

Уредите пречат за да имате сон


Ортосомнијата претставува проблем со спиењето кој е предизвикан од технологијата, односно од апликациите што го мерат квалитетот на животот и го следат процесот на спиење.


Овој вид апликации бележат кога спиете, колку спиете и колку е квалитетен вашиот сон.

Сепак, сè повеќе лица што целосно се потпираат на тие апликации сами си дијагностицираат нарушувања кои во основа не постојат.

Едно од нив е и нарушувањето на сонот, кое во случајов се нарекува ортосомнија – орто значи правилно, а сомнија – спиење.

„Сè повеќе луѓе бараат решение за самодијагностицирање на проблемите во врска со спиењето и постојано гледаат во своите уреди кои им презентираат податоци во врска со нивното спиење“, се наведува во написот објавен во списанието „Клиникал слип медисин“ што се занимава со оваа модерна „болест“.

Имено, како што луѓето стануваат сè поопседнати со спиењето и совршено квалитетен сон, не забележуваат дека на тој начин си создаваат проблем.

Експертите порачуваат дека наместо да се потпирате на апликациите, треба повнимателно да го „чувствувате“ вашето тело.

Затоа наутро, кога ќе се разбудите, обрнете внимание на тоа како се чувствувате.

Ако се чувствувате наспани, тогаш добро сте спиеле, без оглед што е запишано во вашите мобилни апликации.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно