Улична тепачка на девојки во Сплите.Тепачка за UFC

Улична тепачка на девојки во Сплите.Тепачка за UFC


Неверојатни сцени од насилство меѓу ученици во Сплит од вчера кружи на социјалните мрежи.

Станува збор за неколку снимки на кои на паркингот на Личка улица се тепаат две ученички, додека голем број на нивните пријатели сето тоа го набљудуваат и гласно навиваат.

Се се случило во непосредна близина на седиштето на сплитската Полициска управа. Полицијата вчера, како што пренесува "Index.hr", добила две дојави дека се подготвува масовна тепачка, вклувајќи ја и локацијата на Личка улица. Патролата, меѓутоа, не затекнала никаков неред, никој не се тепал, ниту некој побарал помош од лекар, објасниле од полицијата. 

Дојавата за тепачката на Личка стигнала во околу 13:30 часот, а само половина час подоцна полицијата добила дојава дека се подготвува масовна тепачка и во паркот Емануел Видовиќ, оддалечен на некои пет минути од Личка. Ни таму, меѓутоа, за време на нивното доаѓање немало спорни ситуации, пишува "Index". Сепак, на ексклузивните снимки на порталот се гледа како две девојки прво се расправаат, а потоа едната ја напаѓа другата. Нивните пријатели само гледале како се тепаа, а дури кога напаѓачката се откажала, пришле да и помогнат на таа што лежи и се држи за глава. Полицијата од утрово се вклучила во оваа приказна. Имаат информации за тоа од кое училиште се ученичките кои се тепале, па ќе се обидат да го расветлат случајот. "Вакви тепачки се организираат во паркот Емануел Видовиќ, доаѓаат и постари фото-апарати. Почна пред една година. Пред тоа не гледав. Знаат да се соберат во Паркот Емануел Видовиќ покрај неколку сплитски средни училишта. И јас еднаш се јавив во полиција. Станува збор за договорени пресметки, а посебно загрижува тоа што на тие тепачки доаѓаат и постари лица со фото-апарати и снимаат како децата се тепаат", рекла една работничка од сплитско училиште.blob:http://www.dailymotion.com/cfed7e7f-41d3-4b92-846a-8ef1fd036eb6

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно