Украдени резервни делови од цементарница Усје

Украдени резервни делови од цементарница Усје


Од Цементарница Усје АД, пријавено е дека во периодот од 01.01.2018 до 08.03.2018 година во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство.

Тешката кражба била извршена од страна на непознат сторител, во магацинот кој се наоѓал во кругот на фабриката при што сторителот одзел 55 парчиња РОСТ плочи и 35 парчиња надворешен излезен сегмент за печка со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 850.000 денари, стои во полициското соопштение.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно