УЕФАЛОНА

УЕФАЛОНА


Кога ќе се спомене судиска помош на некој клуб, прва асоцијација веќе со години е судиска помош кон каталонска Барселона, која доби и посебен прекар – УЕФАЛОНА.

Арно ама, по синоќешниот контроверзен пласман во полуфинале за Реал Мадрид, креативните љубители на фудбалот се обидоа да разјаснат некои дилеми. Реал Мадрид од 1998 година наваму освои шест европски титули, три во последните осум години. Шест титули имаа „кралевите“ од 50-те и 60-те години, па три децении чекаа на радост. Првпат во новата ера се радуваа во 1998 против Јувентус, кого синоќа контроверзно го елиминираа.

И оттогаш, буквално во секој клучен момент низ годините во Лигата на шампионите, еден-два моменти на судиски превиди и грешки помагале „кралскиот клуб“ да ја мине најтешката пречка во европската елита. За сите следбеници на „ теориите на заговори“, Реал Мадрид и судиите заедно – жнеат пехари во ЛШ. На ова нормално нема да се согласат сите приврзаници на мадриѓаните, ама останува белегот дека секојапт во одреден момент имале некаква помош.Беше чудно кога ФИФА за мундијалот во Русија одлучи ниту еден судија од Англија да не суди натпревар. Еве ја потврдата за исправноста на нивната одлука

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно