УЕФА воведе уште еден важен новитет за следната сезона во ЛШ

УЕФА воведе уште еден важен новитет за следната сезона во ЛШ




Интернационалниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ) пред извесно време донесе одлука околу воведувањето на ВАР и четвртата измена во продолженијата на фудбалските натпреврари, а откако овие две прарвила беа имплементирани за претстојното Светскот првенство кое ќе го гледаме во Русија, ова второто сега одлучи да го прифати и УЕФА. 

Александер Чеферин минатиот месец истакна дека ВАР системот се уште не е доведен до ниво за да може да биде корисен во најелитното фудбалско натпреварување, но затоа од следната сезона во Лигата на шампионите ќе биде воведено друго ново фудбалско правило, односно користењето на четвртата измена во продолженијата. 

УЕФА денеска официјално го потврди ова во соопштението кое го достави во јавноста, во кое покрај ова правило, уште еднаш се потврдени и промената на термините кои ќе стартуваат со наредната сезона (2018/19) во Лигата на шампионите. 

Новите термини 18:55 и 21:00 ќе го заменат традиционалниот од 20:45 часот, а што се однесува до правилото за четврта измена, истото ќе биде имплементирано и во второто по ранг натпреврарување во Европа, Лига Европа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно