УЕФА, со твитер објава-Реал освојувач на Лига шампиони

УЕФА, со твитер објава-Реал освојувач на Лига шампиони


Големи контроверзи предизвика УЕФА откако неколку часа по првите два четвртфинални дуела од Лигата на шампионите на својот профил на Твитер го објави името на освојувачот на титулата оваа сезона.

Сосема неочекувано, европската фудбалска организација го посочи Реал иако на крајот од твитот стави прашалник. Уште е нејасно која е причината за ваквиот потег имајќи предвид дека во конкуренција се останати уште неколку екстра квалитетни екипи.

Не требаше многу за да стигне одговорот од оние кои го следат профилот на УЕФА. Секој според своите афинитети најави дека не Реал, туку неговиот омилен клуб ќе и се радува на титулата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно