УЕФА-Кадија те тужи, кадија те суди

УЕФА-Кадија те тужи, кадија те суди


УЕФА има двојни тројни, аршини.Тоа е лицемерна организација која е надвор од секаква контрола, дури функционира по класични мафијашки принципи.За Рамос прочка, за Буфон, гилотиња.УЕФА работи како кадија те тужи , кадија те суди.

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон би можел да се соочи со казна од УЕФА поради црвениот картон во реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, главниот судија на споменатиот натпревар, Мајкл Оливер го досуди еден од најконтроверзните пенали во историјата на Лигата на шампионите, а потоа поради жестоките протести му додели црвен картон на Буфон.

Како што пренесува денешното издание на „Газета дело Спорт“, Буфон би можел да се соочи со суспензија во Серија А, а се зависи од извештајот на Оливер. Исто така на Буфон не му оди во прилог и тоа што по натпреварот за медиумите изјави дека судијата место срце има канта за отпадоци.

Секако, на легендарниот голман тешко му падна пеналот со оглед на тоа што неговиот Јувентус имаше продолженија во рацете и тоа после поразот на првиот натпревар во Торино од 3:0.

Треба да се додаде и дека тоа веројатно беше последниот натпревар за Буфон во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што се очекува на крајот од сезоната да ја заврши кариерата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно