УЕФА го љуби Реал со Рамос заедно

УЕФА го љуби Реал со Рамос заедно


Шпанскиот великан Реал Мадрид денеска го доби Баерн Минхен за ривал во полуфиналето за Лигата на шампионите, но воедно ја дозна и одлуката на УЕФА во однос на „случајот“ Серхио Рамос.

Имено капитенот на „кралевите“ поради жолти картони не настапи на реваншот со Јувентус, но наместо од трибините дефанзивецот завршницата од средбата ја проследи од аут линијата крај тревникот или поточно од тунелот. Поради ова се очекуваше реакција и санкција од европската куќа на фудбалот, но УЕФА донесе одлука да не поведе постапка и да го санкционира стоперот што значи е во комбинација за дуелиот со Баерн.

Во извештајот се наведува оти никогаш не бил на теренот и покрај тоа што ја напуштил својат „бокс“ за да ги следи завршните мигови на натпреварот од тунелот.Сега УЕФА треба да објасни како ги казнува другите клубови и играчи кои прават слични проблеми.Премолчувањето само ги потврдува констатациите дека Реал е љубимец на УЕФА.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно