Убиваат свирепо и без колебање: Еве кои се Тахрир Ал Шам - убијците на рускиот пилот кои се побрутални од ИСИС

Убиваат свирепо и без колебање: Еве кои се Тахрир Ал Шам - убијците на рускиот пилот кои се побрутални од ИСИС


Терористичката група Тахрир Ал Шам која што ја превзеде одговорноста за соборувањето на рускиот авион „Су-25“ на северот од Сирија, спаѓа во една од најбруталните терористички групи ширум светот.

Оваа озлогласена терористичка група која што и натаму е активна претежно на северот на Сирија беше дел од Ал Каеда, но пред околу една година се отцепи и сега делува самостојно. Името на оваа група во превод значи „Организација за ослободување на Левант“ или „Комитет за ослободување на Левант“. 

Името потсетува на првобитното име на Исламската држава кое што беше Исламска држава во Ирак и Левант, затоа што Левант е поширок поим од Сирија, што укажува на амбициите на џихадистите.

Тахрир Ал Шам се формираше и оддели пред само една година со спојувањето на повеќе салафистички групации меѓу кои и Џабат Фатех Ал Шам и Ал Нусра Фронт кои што исто така до неодамна беа сириски огранок на Ал Каеда. 

Откако опадна моќта на Исламската држава, во последните неколку месеци Тахрир Ал Шам стана најсериозната и можеби најмоќна терористичка група која што оперира во Сирија.


Се смета дека припадниците на оваа терористичка организација се многу побрутални од џихадистите на Исламската држава, затоа што најсуровите исламисти од сите други терористички организации преминале токму во Тахрир Ал Шам. До почетокот на оваа година, оваа терористичка организација се проценува дека располагала со сила од 32 илјади борци. 

Нивниот лидер е Абу Мохамед Ал Џулани кој што го објави отцепувањето од Ал Каеда и ги повика своите борци да се борат до конечната победа. Се смета дека доколку успееле да го фатат жив рускиот пилот, тој би имал многу потрагична судбина.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно