Убиен 15-годишник од соученик во училиште во Германија

Убиен 15-годишник од соученик во училиште во Германија


Ученик во средно училиште во близина на германскиот град Дортмунд е убиен од негов соученик, соопшти полицијата.

Според извештајот, 15-годишникот бил избоден со остар предмет од 14-годишно момче, објави Би-би-си. 

Нападот се случил околу 8 часот по локално време во средното училиште во градот Лунен. 

Уапсен е еден тинејџер поради сомневање за убиство. Не се познати причините за нападот, а како што пренесува Би-би-си, свештеници дошле во училиштето за да ги поддржат учениците и родителите.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно