Уапсени полицајци во врска со убиството на Ивановиќ

Уапсени полицајци во врска со убиството на Ивановиќ


Јавното обвинителство на Косово соопшти дека утрово се уапсени полицајци во северниот дел од Косово во врска со убиството на лидерот на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ.

Според косовските медиуми, јавниот обвинител Нијази Реџа изјавил дека станува збор за притвор на двајца полицајци кои биле ангажирани за чување на местото по убиствотото на Оливер Ивановиќ. „Тие биле ангажирани за заштита на местото каде било извршено убиството, а задачата не ја реализирале како што треба“, нагласува Реџа.

Информацијата за апсењето на двајцата полицајци ја потвди и Полициската станица во северниот дел на Митровица. Истите извори наведуваат дека покрај апсењето на двајцата припадници на косовската полиција извршена е детална контрола на два локали во овој дел на градот. 

Косовските медиуми исто така пишуваат дека Косовските надлежни институции во врска со убиството на Ивановиќ испратиле и детална информација до надлежните институции во Србија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно