Уапсена сопственичката на рускиот трговски центар во која загина 41 дете

Уапсена сопственичката на рускиот трговски центар во која загина 41 дете


Руската полиција ја уапсила генералната директорка на Кемеровската фабрика за чоколади и сопственичка на трговскиот центар "Зимска вишна" во рускиот град Кемерово, Јулија Богданова, поради кршење на безбедносните мерки кои довеле до човечки жртви во

Во соопштението се наведува дека Богданова ќе биде обвинета за кршење на третата точка од членот 238 од Кривичниот закон на Руската Федерација, под кој лицето се товари за кршење на безбедносните услови, што довело до смрт на две или повеќе лица. 

Со истрагата е утврдено дека Богданова, која е одговорна за мерките за безбедност во случај на пожар, неколку пати била известена за недостатоците кога станува збор за системот за заштита од пожар - се наведува во соопштението. 

Од Комисијата додаваат дека Богданова не преземала мерки да се исправи грешката во системот за заштита од пожар, пренесува "Tass". Во пожарот кој избил на четвртиот кат на трговскиот центар, животот го загубиле 79 лица, вклучувајќи 41 дете.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно