Уапсен мозокот на хакерите кои збришаа милијарда евра

Уапсен мозокот на хакерите кои збришаа милијарда евра


Мозокот на хакерска банда, украински државјанин, кој украде над милијарда евра во стотина банка низ целиот свет со помош на компјутерски малвер програми, е уапсен во Шпанија, соопштијаЈуропол и шпанската влада

Наводниот лидер на мрежата Денис К. е фатен во Аликанте, на југоистокот на Шпанија, соопшти шпанското министерство за внатрешни работи.

„Тој беше „мозокот“ на хакерската група која презема контрола врз банкарските системи, што им овозможи од далечина да ги празнат банкоматите и да собираат пари од банкарски сметки“, се вели во соопштението.

„Хакерите оштетија над сто финансиски институции во 40 земји“, објави Европската агенција за сузбивање на криминалот (Јуропол).

Се оценува дека „вкупната штета надминува милијарда евра во финансискиот сектор“.

Мета на хакерската група биле банки во Русија, Белорусија, Азербејџан, Казахстан, Украина, Тајван и други земји.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно