ТВ Нова на Кочан, е ТВ Бивша

ТВ Нова на Кочан, е ТВ Бивша


Вработените во ТВ Нова se на принуден одмор до крајот на месецот, а потоа не се знае ниту нивната судбина, ниту судбината на телевизијата.

Mенаџментот на телевизијата ги информирал новинарите, техничкиот персонал и останатите вработени дека не треба да доаѓаа на работа до крајот на месецот и дека иако не одат на работа, принудниот одмор ќе им биде платен.Тендерџијата Сеад Кочан снемал пари.Бре мајката.Државата, Македонија, има инструменти и мора да ги активира за одземање на парите стекнати со незаконски дејствија, на штета на граѓаните.А, не вака, Сеад Кочан, ќе се кочоперчи, а вработените во неговите фирми ќе трпат за леб.

Не добиле информација дали и кога ќе им бидат исплатени заостанатите плати. На вработените не им се исплатени плати од октомври минатата година.

Во меѓувреме телевизијата се уште емитува програма, репризи од претходно снимени емисии, но нема вести и информации во живо, за што ја имаат и концесијата за емитување програма.Во јавноста се шпекулираше дека има заинтересирани инвеститори кои што сакаат да ја превземат телевизијата, но очигледно нема договор за нов сопственик кој би ја спасил од затварање.

Телевизијата има околу 90 вработени.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно