,,ТВ 24'' и ,,ТВ 21'' бараат национални концесии

,,ТВ 24'' и ,,ТВ 21'' бараат национални концесии


Се отвора можноста телевизиите „ТВ 24“ и „ТВ 21“ да влезат во друштвото на големата петорка – „Телма“, „Канал 5“, „Сител“, „Алфа“ и „Алсат“, кои имаат дозвола за телевизиско емитување преку таканаречен „дигитален терестријален мултиплекс“.

Агенцијата за медиуми распишала оглас за изработка на студија која би утврдила дали е оправдано да се распишува јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку терестријален предавател. 

Студијата, за која АВМУ според огласот ќе плати 5 илјади евра, треба да содржи анализа на пазарот, како и компарации со други држави, а потоа, доколку со истата се потврди дека има простор на пазарот, би се распишал јавен конкурс. 

„Точно е дека двете телевизии поднесоа барање. Доколку има јавен конкурс, ќе може да конкурира било кој. Двете телевизии немаат предност, туку се само иницијатори“, велат од Агенцијата, пренесе Призма.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно