Турција успешно ги тестираше првите балистички ракети

Турција успешно ги тестираше првите балистички ракети


Турција спроведе успешно тестирање на првите балистички ракети од сопствено производство „Гукдоган“ и „Боздоган“.

Ракетите кои се заеднички развиени од страна на специјалисти на турските одбранбени структури – Советот за научни и технички истражувања и Институтот за истражување на одбраната, беа за првпат претставени на 13-иот меѓународен саем на одбранбената индустрија, минатата година во Истанбул. 

Tестирањето било спроведено на воениот полигон во Синоп. „Гукдоган” е ракета со мал и среден дострел, а ракетите „Боздоган” се способни да нападнат цели на долги растојанија. Нивното сериско производство ќе започне во 2020. година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно