Турција и Грција си ѕвечкаат со оружје

Турција и Грција си ѕвечкаат со оружје


Односите меѓу Грција и Турција се враќаат на нивото на Отоманската империја кога Грција извојувала независност. Конфликтот е на работ на избивање војна.

Грција и Турција се на работ на војна, а сите погледи во светот се свртени кон Иран и Северна Кореја!

Додека очите на целиот свет се свртени кон Иран и Северна Кореја, двата соседа полека се лизгаат во опасната зона во која и најмалку погрешно толкување би можело двете земји да ги воведе во сериозен конфликт, што не го исклучува ниту вооружениот судир, оценува весникот Christian Science monitor.

Се потсетува дека тензиите меѓу Грција и Турција постојано растат во регионот на Егејското Море, а тензиите дополнително се зголемени откако Турција одби да ги врати двајцата грчки граничари, заробени во близина на границата поради наводен упад на турска територија. Грција тврди дека војниците се изгубиле поради големото снежно невреме и дека случајно влегле на територијата на Турција, додека Турција смета дека станува збор за шпиони.

Причина за напнатоста се и постојаните воени вежби и на копно и на море, во близина на границата со Турција, како и најавата на Грција дека кон границата со Турција ќе испрати дополнителни 7.000 војници.

Грција и Турција се препукуваат и на небото. Минатиот месец грчки и турски авиони речиси влегоа во воздушниот простор на соседот, поради што Турците истрела предупредувачки истрели кон Грците, а Грците кон Турците, кога нивниот авион беше во близина на грчкиот простор над островите. Бројот на провокациите на егејските острови не може ниту да се избројат точно.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно