Турција доби закана од Вашингтон

Турција доби закана од Вашингтон


Вашингтон ѝ се закани на Анкара дека ќе ја блокира продажбата на ловците од петтата генерација Ф-35 поради купувањето на противвоздушните ракетни системи С-400 од Русија.

Тоа за турскиот весник Хуриетго потврди шефот на комисијата на турскиот парламент за меѓународни прашања Волкан Бозкир по посетата на САД.Во Вашингтон прашањето за турското купување руски ракетни системи го сметаат за критично.

„Во Конгресот планираат да ја поврзат продажбата на Ф-35 со тоа. Ако ние купиме С-400, Конгресот ќе одлучи да ја забрани продажбата на авионите“, објасни Бозкир.

Тој истакна дека сенаторите не го кажуваат тоа директно, но дека добил таков сигнал при разговорите со нивните советници. Тој истакна дека С-400 и Ф-35 се две различни прашања и додаде дека САД тајно се закануваат.

Турскиот министер за одбрана Нуретин Џаникли од своја страна изјави дека испораките на Ф-35 на Турција ќе почнат следната година и дека „немаат никаква врска со купувањето на С-400“. „Во овој момент нарачката веќе е направена, авансот е платен и обврските од договорот се реализирани“, кажа турскиот министер.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно