Тухел на чело на ПСЖ

Тухел на чело на ПСЖ


ПСЖ сезонава без проблем ќе дојде до шампионската титула во Лига 1, но фактот дека потфрли во Лигата на шампиони втора сезона по ред значеше дека тренерот Унаи Емери нема да добие нов договор.

Томас Тухел ќе биде новиот тренер на ПСЖ, откако тој се договорил со раководството на францускиот тим уште пред еден месец. Германецот беше на врвот на листата на желби и на Баерн Минхен, но го одби „баварскиот“ тим поради тоа што веќе потпишал договор со странски клуб. Сега е јасно дека тој клуб е ПСЖ.

Тухел е еден од најдобрите млади фудбалски тренери во Европа, а имаше одлични резултати со екипите на Мајнц и Борусија Дортмунд. Ангажманот во Париз за него ќе биде прво интернационално искуство. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно