Тројца повредени во сообраќајка во Аеродром

Тројца повредени во сообраќајка во Аеродром


Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13:45 часот нa крстосницата од бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром.

Несреќата се случила кога патничко возило Peugeot 106 со скопски регистрски ознаки управувано од М.С (30) од Скопје се судрило со возило Citroen C3 со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (36) од Куманово. Како што соопшти МВР, со повреди се здобиле возачите, како и сопатничката во возилото Citroen C3, Н.А. (39) од Скопје. Сите три лица со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Кај Е.С. и Н.А. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. 

Кај М.С. биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно