Тринаесет годишно девојче искасано од куче во паркот за кучиња во Карпош

Тринаесет годишно девојче искасано од куче во паркот за кучиња во Карпош


Тринаесет годишно девојче и нејзиниот татко Д.Д. (43) синоќа околу 22 часот биле искасани од куче ротвајлер, водено од женско лице.

Во паркот за кучиња на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во скопската населба Карпош, девојчето било тешко повредено од напад на куче ротвајлер, а и нејзиниот татко бил повреден обидувајќи се да го оттргне кучето. 

На повредените им е укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно