Три медали за Македонските каратисти во Белград

Три медали за Македонските каратисти во Белград


Македонската репрезентација во традиционално карате на Светскиот клубски куп во Белград освои три медали, по еден златен, сребрен и бронзен медал.

Првото место во ен-бу м/ж деца го освоија Мила Младеновска и Димитри Влахо, второ место во ен-бу м/м кадети го освоија Иван Трпковски и Димитри Влахо, додека трето место во ката тим кадети го освоија Димитар Витанов, Димитри Влахо и Иван Трпковски.

Денеска по програма се одржуваат поединечните натпревари на Меѓународниот карате куп „Црвена Звезда 2018“.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно