Трамп протерува 60 руски дипломати

Трамп протерува 60 руски дипломати


Американскиот претседател, Доналд Трамп, нареди протерување на 60 руски дипломати поради труењето на поранешениот шпион Сергеј Скрипал во Британија, објави Би-би-си. Германија, Франција и Украина исто така објавија дека ќе протераат руски дипломати.

Европските лидери се согласија минатата недела дека е многу веројатно дека Русија стои зад труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија. Русија ги отфрли обвинувањата за нападот во Салсбери.

САД исто така ќе наредат и затворање на рускиот конзулат во Сиетел, објави „Ројтерс“. Во соопштението на Стејт департментот се наведува:
„На 4 март Русија употребила воен нервен агенс во обид да го убие британскиот граѓанин и неговата ќерка во Салсбери. Овој напад на нашиот сојузник – Велика Британија, става во ризик голем број невини животи и резултира со сериозни повреди врз три лица, вклучително и еден полицаец“.

Во соопштението, инцидентот е опишан како срамна повреда на Конвенцијата за хемиско оружје и прекршување на меѓународното право”.

Во САД, од руските дипломати кои ќе бидат протерани, 48 се наоѓаат во руската амбасада во Вашингтон, а другите се наоѓаат во Обединетите нации во Њујорк.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно