Трамп го повика Путин на посета во Вашингтон

Трамп го повика Путин на посета во Вашингтон


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во текот на телефонскиот разговор со Владимир Путин, одржан на 20. март, му предложил билатералниот состанок на двајцата претседатели да се одржи во Вашингтон, соопштил помошникот на рускиот лидер, Јурај Ушаков.

"Ако се биде како што треба, се надевам дека Американците нема да го одбијат предлогот да се разговара за можно одржување на самитот. Кога нашите претседатели разговараа на телефон, Трамп предложи првиот состанок да се одржи во Вашингтон, во Белата куќа", рекол Ушаков на брифингот за новинари, пренесува "Sputnik".

Притоа, тој навел дека не немало напомена тој состанок да се одржи во првата половина од годината.

"Не, за тоа не се разговараше. Тоа е навистина позитивна идеја, но засега не е зборувано за тоа. Сакаме да веруваме дека ќе има разговор на предложениот состанок. Сакаме да се надеваме дека еден ден ќе можеме да имаме сериозен и конструктивен дијалог", одговорил тој, пренесува "Reuters".

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно