Трајковски: Ако јас сум проблемот, уште вечер си одам од МЗТ!

Трајковски: Ако јас сум проблемот, уште вечер си одам од МЗТ!


’Пукаат’ сите конци во МЗТ Скопје Аеродром.

Крилниот центар Бојан Трајковски вели дека ќе си замине од клубот уште вечерва, доколку тој е најголемиот проблем во таборот на „металците“.

Како што вели, до него допреле такви гласини по завршувањето на средбата.„По мечот слуснав дека не сум заслужувал да бидам дел овој тим. Па, ако само јас сум проблемот, тогаш уште вечерва ќе си заминам од МЗТ Скопје“, изјави револтирано Бојан Трајковски по дебаклот од Унион Олимпија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно