Трагедија - Загинаа 14 млади хокеари

Трагедија - Загинаа 14 млади хокеари


Канада утринава ја потресе страшна вест, откако загинаа дури 14 млади хокеари на тимот Хамболд бронкос во сообраќајна несреќа.

Тимскиот автобус, што го носел тимот на натпревар против Нипавин хокс, се судрил со камион на автопатот во близина на Тиздејл по што 14 лица го загубиле животот, а останатите 14 лица биле повредени и веднаш се пренесени во најблиската болница. Според последните информации, од повредените, тројца се во тешка состојба и докторите се борат за нивните животи. Сите хокеари биле на возраст од 16 до 21 година. Цела Канада жали за младите хокеари, а на „Твитер“ се огласи и премиерот Џастин Трудо Не можам ниту да замислан низ што минуваат родителите на овие деца, мое сочуство до сите кои ги погоди оваа голема трагедија во градот Хамболд и пошироко“, напиша Трудо.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно