Tour de Macedonia

Tour de Macedonia


Метју Нимиц од главниот град на јужниот сосед ќе ја започне новата „турнеја“ како дел од преговорите за разликите околу името.

Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц денеска и утре ќе биде во Атина и ќе ги продолжи разговорите со државниот врв на Грција за неговиот иницијален пакет за решение на проблемот што оваа земја го има со уставното име на Македонија.

Минатата недела на Светскиот економски форум во Давос премиерите Заев и Ципрас ја имаа првата средба на која се разговараше за проблемот со името. Според изјавите, на таа средба се договорени одредени отстапки од двете страни, а разговорите ќе продолжат на ниво на шефови на дипломатии. Меѓу нив се преименување на автопатот и аеродромот Александар Велики, додека пак Грција ќе се обврзе за поддршка на европските интеграции на Македонија и ќе се заложи за поголема трговска размена.

Од среда Нимиц доаѓа во Скопје на средби до македонскиот државен врв. Премиерот Заев, претседателот Иванов, министерот за надворешни Димитров, како и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски и Ахмети, остварија лидерска средба на која се усогласуваше позицијата на македонскиот политички врв токму за предложената рамка од медијатерот Нимиц дадена во Њујорк на последниот состанок со преговарачите Василакис и Наумовски.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно