Тетоважа на тело и доживотен билет за натпревари

Тетоважа на тело и доживотен билет за натпревари


Германскиот клуб Херта продолжи на уникатен начин да го промовира својот бренд, а во новата акција се обидува да им се приближи на своите навивачи.

Бундеслигашот од Берлин им понуди на своите фанови да учествуваат во можноста да добијат доживотен бесплатен билет, а единствениот услов е да прифатат да го тетовираат на телото.

За да се учествува во „конкурсот“, навивачите треба да испратат фотографии или видеа преку кои ќе докажат зошто тие треба да ја добијат ваквата можност, а „најсреќниот“ фан ќе може да добие лого и специјален баркод кој ќе ја има улогата на сезонски билет.

– Никој клуб не влегува под кожа како Херта,  – е пораката на оваа акција.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно