Терористот извика-Не ви се плашам

Терористот извика-Не ви се плашам


Денеска во Брисел почна судскиот процес против осомничениот исламист Салах Абдеслам, кој важи за мозокот на крвавите напади во Париз и централна фугура на терористичката мрежа во Париз и Брисел.

Пред судот тој одби да зборува и рече дека ќе се брани со молчење.

„Моето молчење не е признавање на делото, тоа е моја одбрана. Не ви се плашам ниту вам ниту на вашите сојузници. На муслиманите им се суди немилосрдно“, рече Абдеслам.

Белгиското обвинителство побара терористот да се казни со 20 години затворска казна.

Абдеслам е француски државјанин, роден во Белгија, со мароканско потекло. По нападите во Париз во 2015 година, во кои загинаа 130 лица, терористот со месеци беше во бегство. Властите го пронајдоа и уапсија три дена по нападот во Брисел.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно