Терон ги истакна особено тешките моменти за неа

Терон ги истакна особено тешките моменти за неа


Јужноафриканската актерка е ѕвезда на мајското издание на познатото модно списание “Elle”. Со насловната страница, Шарлиз Терон покажала и дека во 42-та година изгледа феноменално, а во интервјуто за списанието таа отворила една болна тема од минатот

Убавата актерка денес е мајка на две посвоени деца за кои вели дека ѝ се најголема среќа во животот, но за да стане мајка, Шарлиз морала да пројде низ разни потешкотии за кои прв пат проговорела во интервјуто. Нејзиниот процес на посвојување не бил воопшто лесен, а најтешко од сè било кога не успеала да го посвои детето со кое се поврзала.

“Не гледам никаква разлика во одгледување на биолошки и посвоени деца и мислам дека ништо не пропуштам. Отсекогаш ми било жал за децата кои живеат во сиропиталишта поради што посвојувањето беше мојот прв избор дури и кога бев во врска. Тоа го знаеја сите мои партнери”, раскажала русокосата убавица. “Имав лоши денови и грешев, но и моите деца понекогаш знаат да бидат невозможни. Ви треба големо трпение, посебно кога сте сами, но никогаш не сум се пожалила поради тоа”, заклучила Терон.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно