Телевизиска екипа на РТС уапсена на Косово

Телевизиска екипа на РТС уапсена на Косово


Екипа на Радио-телевизија Србија (РТС), која вчера ја снимала четвртата епизода на емисијата „Право на утре" за узурпираниот имот на Србите во Пеќ, заедно со пет адвокати, е уапсена од косовската полиција.

Ова денеска го соопшти  јавниот сервис.

Снимателот Александар Стипиќ, реализаторката Билјана Ердељан и возачот Далибор Милутиновиќ, се уапсени во Пеќ околу 17:45, и со нив се приведени и пет адвокати.

Уредничката на емисијата Светлана Вукмировиќ изјави дека не била приведена цела екипа, затоа што другите се наоѓале во друго возило, а биле паркирани пред полициска станица во Пеќ. 

Во тимот биле и режисерот Владимир Јовановиќ и тонецот Мирослав Радишиќ, како и еден адвокат.

Вукмировиќ вели дека непознат Албанец пријавил во полиција, по што следело апсењето.

Членовите на тимот и адвокатите биле претресени, легитимирани, утврдено било кога влегле во Косово, а потоа биле испрашувани пет часа.

Приведените откако виделе дека не ги пуштаат, по час и половина, ја информирале Канцеларијата за КиМ, по чија интервенција биле пуштени на слобода околу 22:25 часот.

Екипата потоа се собрала во Пеќ, од каде што заминала во Грачаница.

Програмата „Право на утре" се реализира во соработка со проектот „Бесплатна правна помош" на Европската унија и Канцеларијата за КиМ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно