Танкер се заби во историска палата на истанбулскиот Босфор (ВИДЕО)

Танкер се заби во историска палата на истанбулскиот Босфор (ВИДЕО)


Танкер се заби во историска палата во Истанбул на брегот на Босфорот, откако откажала опремата за управување, јави Си-ен-ен Турк и додаде дека сообраќајот е сопрен во двете насоки.

На местото на инцидентот се испратени реморкери и пловила на крајбрежната стража, а танкерот „Витаспирит“ кој плови под малтешко знаме е извлечен на брегот.

Засега нема извештаи за жртви, но снимките од местото на незгодата покажиуваат голема штета на историската палата под мостот на султанот Фатих Мехмет, еден од трите премини меѓу европската и азиската страна. Палатата на Салих ефенди потекнува од 18 век и се користи за венчавки и концерти.



Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно