Свирежи за Џошуа - не победи со нокаут

Свирежи за Џошуа - не победи со нокаут


Ентони Џошуа ги одбрани светските титули во тешка категорија, откако го победи Џозеф Паркер по 12 рунди и со едногласна одлука на судиите, во разочарувачкиот спектакл во кој Џошуа првпат не победи со – нокаут.

Ова за Џошуа е 21 победа во исто толку мечеви во кариерата, а тој по исцрпувачката борба сега е сопственик на шампионските појаси во ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО верзиите. Паркер, пак, кој беше непоразен досега во 24 меча, првпат загуби.

Инаку во текот на целиот меч низ 12-те рунди, Џошуа доминираше, но во шестата рунда за малку можеше да се случи сензација, кога Паркер со серија удари го затресе добро големиот фаворит, но тоа беше сè што направи на овој меч. Потоа, повторно Џошуа ја презема иницијативата и на крајот апсолутно заслужено и со едногласна одлука на судиите победи на овој спектакл.

Интересно мечот почна со илјадници свирежи за Паркер и големи аплаузи за Џошуа пред почетокот на двобојот, но по 12-те рунди ситуацијата се сврте наопаку. Џошуа доби свирежи за неатрактивната борба, а Паркер доби аплаузи за спортски прифатениот пораз.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно