Светот доби нов херој, загинатиот руски пилот

Светот доби нов херој, загинатиот руски пилот


Повеќето западни медиуми имале само пофални зборови за рускиот пилот, 33-годишниот Роман Филипов, чиј авион бил соборен од терористите во Сирија на 3. февруари.

Филипов по жестоката борба со џихадистите извршил самоубиство за да не им падне во рацете. 

Британски "Daily Mail" објавил текст за пилотот во кој го нарекол "нов руски херој".

Под статијата на "Daily Mail" читателите оставиле повеќе од 2.000 коментари, а најмногу лајкови добил коментарот за храброста на пилотот.

"Почивај во мир, пријателе. Храбар и вистински војник. Подготвен сум да се обложам дека сеќавањето на него ќе се почитува во Русија, а нема да се критикува во медиумите и да се суди, како што правиме ние", пишува "Сендмен". "The Sun" во насловот на текстот посветен на пилотот ги наведува неговите последни зборови: "Ова е за нашите момчиња"!

За херојскиот подвиг пишувал и "Time" во текст со наслов: "Рускиот пилот соборен во Сирија извршил самоубиство за да не биде фатен".

Терористичката група "Тахрир ал Шам" во сириски Идлиб на 3. февруари го соборила рускиот воен авион "Su-25". Пилотот, мајор Роман Филипов, успеал да се катапултира од авионот. Во текот на борбата со терористите на земјата, активирал бомба за да не им падне на терористите во раце.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно